Жител на Виница наместо во изолација пред угостителски објект...

14 Сеп 2021
4760 пати

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.Ј.(34) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од МВР.

 

На 01.09.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за изолација поради контакт со заболен од Ковид 19.

Подоцна, истиот ден тој бил забележан пред угостителски објект во Виница.

Оценете ја оваа вест
(3 гласови)