НОЌЕСКА ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО KOЧАНИ, ВИНИЦА И РЕГИОНОВ

14 Сеп 2021
2686 пати

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,4 степена е регистриран ноќеска во 00 часот и 21 минути во епицентралното подрачје Делчево-Берово, на 100 километри источно од Скопје.

Земјотресот е почувствуван од населението на Виница, Кочани и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)