ОД УТРЕ РЕСТОРАНИ, КАФИЧИ, ТЕРЕТАНИ И СПОРТСКИ САЛИ ЦЕЛОСНО СЕ ЗАТВАРААТ, ВО КЛАДИЛНИЦА САМО УПЛАТА НА ШАЛТЕР

05 Апр 2021
334 пати

Иако, надлежните уверуваа дека третиот бран е на својот крај и нема потреба од нови рестрикции, сепак одлучија за два часа да се зголеми забраната за движење, а од среда се затворат и сите угостителски објекти.

Угостителските објекти ќе бидат затворени на две недели, полицискиот час ќе започнува два часа порано односно од 20 часот до пет часот следното утро.

Покрај ова се затвораат и фитнес центрите и се забранува одржување на конференции и разни обуки, ова се новите рестриктивни мерки кои ги соопштија премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Главна причина е зголемувањето на бројот на заразени и починати, како и преоптоварувањето на здравствениот систем кое што, според властите, е најголемо од почетокот на епидемијата од коронавирусот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)