За 8 март на жените полицијата ќе им дели флаери и подароци

05 Мар 2021
444 пати

По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај

при ОВР - Кочани, в понеделник во периодот од 10 до 12 ч. на територијата на општина Кочани ќе реализира празнично-едукативна акција, со која на жените учесници во сообраќајот ќе им го честита празникот.

Акцијата е во соработка со Одделението за превенција при СВР - Штип и Општинскиот совет за безбедност во патниот сообраќај.

На жените возачи ќе им бидат поделени флаери со едукативна содржина и симболични подароци, а во 10:20 ч. на ул. „Тодосија Паунов“ кај Автобуската станица, секретарот на ОС за БПС Кирил Атанасов ќе даде изјава за медиумите.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)