Жителите од улицата „Митко Беќарски“ – добар пример за грижа кон непосредната околина...

24 Фев 2021
229 пати

Деновиве, жители на улицата „Митко Беќарски“ во Кочани спроведоа акција за расчистување на нивната непосредна околина, загадена со различен комунален и градежен отпад.

По иницијатива на општинскиот комунален инспектор и комунален редар и опомената за несовесно постапување и третман на отпадот, граѓани од Ромското Маало го собраа сметот и го подготвија за транспорт на Градската депонија, која е единствено место за одлагање на отпадот.

Според комуналниот инспектор, ова е позитивен пример за однесување кон животната средина, којшто треба да се следи и да се создава навика за зачувување на јавната чистота. Создавањето на дивите депонии ја нагрдува општата слика на општината и на природата и претставува извор на зараза за околината.

Претстојниот период Општина Кочани во координација со КЈП „Водовод“ и во соработка со месното население ќе спроведе комплексна акција за лоцирање и за расчистување на дивите депонии во градот и во населените места.

 

1 (14).jpg

3 (14).jpg

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)