Утре 23 февруари – изменет режим на сообраќајот на дел од улицата „Тодосија Паунов“

22 Фев 2021
214 пати

Секторот за зеленило при КЈП „Водовод“ во вторник, на 23 февруари ќе реализира активности поврзани со подготовката за изградба на кружниот тек кај Автобуската станица.

Поради тоа, во периодот од 8 до 14 часот, на потегот од „Тера маркет“ до Шумското стопанство „Осогово“ сообраќајот ќе се одвива со изменет режим. Десната страна на коловозната лента од улицата „Тодосија Паунов“ ќе се користи за сообраќај во двата правца, а левата целосно ќе биде затворена.

Се предупредуваат учесниците во сообраќајот на зголемена внимателност и почитување на сообраќајните правила и прописи.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)