Соопштение од ОО СДСМ Кочани...

22 Фев 2021
454 пати

Почитувани,

Во контекст со најавениот штрајк за оризопроизводителите во организација на Здравко Арсов, Драгољуб Гаврилов и Тони Максимов за неисплатени субвенции и планираното блокирање на една лента од патот во Облешево во 10:00 часот, чувствуваме обврска да ги потсетиме горенаведените  кога зборуваме за проблемите со оризот.

Мора да се навратиме на едно лошо сеќавање - на владеењето на ДПМНЕ - во чие време субвенциите беа 600 ден. по декар и веднаш по превземањето на власта од наша страна, истите ги зголемивме на 1800 ден. по декар.

Во 2019 година имавме интервентна мерка од 5 ден. по килограм арпа, а годинава имаме зголемување од 1800 ден. на 2500 ден. до 5 хектари и 3000 денари над 5 хектари.

За време на декструктивното владеење на ДПМНЕ, кои слободно можеме да ги категоризираме како една девијантна појава за земјоделството во нашата земја, се сеќаваме кога зелената нафта не можевме да ја смислиме, а оризот пак, спаѓаше во иста рамка со житните култури.

Денес, земјоделците добиваат зелена нафта, а истата од година во година значително се зголемува.

Цената на оризот неколку години се движеше од 30 до 40 денари по килограм бел ориз, а власта само еднаш излезе со интервентна мерка од 5 ден по килограм арпа, мерка која се однесуваше само за оние кои ќе го предадат оризот во рок од еден месец. Според ова, ќе заклучиме дека не само што се правеше деструкција и сквернавење, туку се донесуваа и вакви небулозни, понижувачки и селективни мерки.

Кога цента на оризот беше 35 ден, оризопроизводителите излегоа на протест. Истите тие кои утре планираат да протестираат - организираа контра протест заедно со административци од општината, училиштата и градинките, кои во нивното работно време, поточно во 11 часот излегоа на контра протест против реалните проблеми на оризопроизводителите, само за да покажат сила и да го задушат протестот и истите не беа казнети.

Секој еден земјоделец кој ќе излезеше на протест со трактор и механизација, беше заплашуван и уценуван од полицијата дека ќе добие казна од минимум 2.000 евра и дека ќе му биде одземено возилото.

Помина времето кога се случуваше неправична селекција, девијација и понижување на земјоделството и земјоделците. Ние работиме во насока на подобрување на условите на секој еден земјоделец и подобрување на квалитетот и откупната цена на производите.

Земјоделството треба да биде благодет и привилегија, а ОРИЗОТ, НАШЕТО БЕЛО ЗЛАТО.

Со почит,
ОО СДСМ Кочани 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)