На 23. февруари оризопроизводителите на протести...

11 Фев 2021
502 пати

Оризопроизводителите од кочанско на протести излегуваат на 23. февруари. Со старат земјоделската механизација ќе го блокираат патот Штип-Кочани. На ресорното министерство и Платежна агенција рок за исплата на субвенциите им дадоа до понеделник, но не веруваат дека парите ќе им легнат на сметките.

Субвенциите на оризопроизводителите им требаат пред стартот на седибата, кога имаат големи трошоци. Во прилог не им оди и ниската откупна цена на оризот. Забележуваат дека откупвачите дебело печелат на нивната мака, им го земаат за 40, а го продаваат од 70 до 120 денари за килограм. Апелираат водостопанство Брегалница навреме да почне со чистење на каналите, за да не се случи ланското доцнење на сеидбата на одредени делови во кочанско поле, а бараат да се реши и проблемот со препаратите за прскање.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)