Дупки на „Евлија Челебија“, крајно време е да се санираат....

29 Јан 2021
380 пати

Граѓани од улицата Евлија Челебија (поранешна Вељко Влаховиќ) револтирани се обратија до Радио Кочани. Реагираат на состојбата во која се наоѓа улицата – раскопана, со дупки, нешто е правено, но недоправено. „Си ги искршивме возилата, ве молиме објавете информација. Улицата во ваква состојба е подолг период, фреквентна е навистина и прави многу проблеми. Сметаме дека е крајно време оштетувањата да бидат санирани“, ни рекоа кочанчани што не живеат само на „Евлија Челебија“.

143633891_115369133811397_2848922800259171254_n.jpg

144119700_692038414802811_3514106437218623266_n.jpg

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)