“Амфенол Технолоџи Македонија” со нова донација за Општа болница – Кочани

29 Јан 2021
2500 пати

По донираниот апарат за ендоскопија, заштитни скафандери и заштитни маски за лекарите и останатиот медицински персонал, денеска беше донирана IT – опрема со модерни софистицирани принтери за биохемиската лабораторија каде што има потреба од скенирање на сите резултати кои се испраќаат за “Мој термин” што во истиот момент ги добиваат матичните лекари.

Со ова неколкукратно е зголемена можноста за испраќање на стотици неопходни извештаи во текот на денот. Во донацијата вредно е да се напомене и апаратот “SonicWALL” со чија помош се подобрува заштитата на целокупната внатрешна компјутерска мрежа во болницата од надворешни упади. Болницата засега користи околу стотина компјутери поврзани со интернет, кои отсега ќе бидат заштитени. Голема благодарност до вработените на “Амфенол” изрази директорот на “Општа болница” – Кочани Ацо Серафимов Во продолжение ја пренесуваме изјавата на директорот на “Амфенол”, Сашко Наков која можете да ја проследите на овој линк: https://fb.watch/3jL0n_TxG3/

Оценете ја оваа вест
(3 гласови)