Општина Кочани ќе субвенционира за купување велосипеди...

28 Јан 2021
250 пати

Општина Кочани ќе им додели субвенции на граѓаните кои во наредниот период ќе набават велосипед, како една од индиректните мерки за намалување на загадувањето на воздухот.

За почеток со овој проект е предвидено да се обезбеди покривање на дел од трошоците за набавка на стотина велосипеди, за што програмата за заштита на животната средина во општинскиот буџет се издвоени 350 илјади денари, односно висината на поединечна субвенција ќе изнесува три илјади денари по барател.

Во одлуката за субвенционирањето, меѓу другото е нагласено дека барателите на финансиска помош треба да се жители на општина Кочани, а распределбата ќе се врши според принципот „прв дојден, прв услужен”, сè до искористување на предвидените средства.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)