Виница – Селото Лески ќе се поврзе со градскиот водовод

28 Јан 2021
172 пати

Започна уште еден крупен капитален проект во општина Виница, поврзување на жителите на село Лески со чиста, исправна и питка вода за пиење на виничкиот водовод,

како и проширување на филтер станицата во општина Виница. Оваа инвестиција е во вредност од 24 467 715 денари со вклучен ДДВ, каде Министерството за транспорт и врски има обврска да исплати вкупен износ од 23 519 132 денари, а општина Виница се обврзува да учествува со износ од 948 583 денари.

leski1.jpg

Договорот е потпишан на 17.11.2020 година од страна на градоначалникот Ивица Димитров се со цел трајно да се реши проблемот на жителите на село Лески но со проширувањето на филтер станицата во Виница се подобрува и водоснабдувањето на жителите во градот Виница и село Јакимово и повеќе да нема никакви проблеми со водоснабдувањето, наведено е во соопштението на Локалната самоуправа на Општина Виница.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)