ИЗВЕСТУВАЊЕ: Советничка група предводена од СДСМ...

28 Јан 2021
348 пати
Почитувани,
Денес се одржа 52-рата седница на Советот на Општина Кочани на која беа усвоени поголем дел од предвидените точки од  дневниот ред.
Усвоена е Предлог-одлуката за давање на трајно управување и користење, без надомест, на изградена водоводна, фекална и атмосферска канализациона мрежа во 2020 година нa  КЈП „Водовод“- Кочани.
Рекордна должина на водоводна и канализациона мрежа која е изградена за само една година.  Имено за една година се изградени трипати повеќе водоводни и канализациони мрежи од претходно - 3 km 916 m водоводна мрежа,  а 2 km 108 m канализациона мрежа.
Заложбите на Општината и на Советот е да се решат во целост проблемите на граѓаните од оваа сфера и да се подобри квалитетот на живеењето.
Исто така беше усвоен и извештајот за реализација на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во Општина Кочани за 2020 година.
Во 2020 година во Општина Кочани се:
- асфалтирани и реконструирани вкупно 31 улица ;
- изградени и реконструирани 3 општински патишта;
- извршено е пробивање, тампонирање и поставување на улични рабници на вкупно 17 улици;
- извршено машинско пробивање, прочистување и порамнувањена земјени патишта во ридско планинскиот дел,
но секако и тековните одржувања  на општинските патишта и улици не изостануваат.
Постигнавме рекорден број на обнова, реконструкција и изградба во само една година и не застануваме!
Се градеше и ќе се гради,  во согласност на барањата  и потребите на Граѓаните, на Месните и Урбаните Заедници, водејќи се по принципот на рамномерен локален развој.
Кочани ќе се прогласи за Град “без кал”!
 
Советничка група предводена од СДСМ 
Совет на Општина Кочани
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)