Продолжува уривањето на старите градби на улицата „Стево Теодосиевски“, поранешна „Ленинова“. На просторот во близина на Спортската сала денеска се урива уште еден објект. Со тоа се создаваат услови да почнат дел од градежните активности што ќе претставуваат подготовка за изградба на втората коловозна лента.
Со овие суштински промени, централното градско подрачје ќе добие урбан лик, а сообраќајот – понормален тек.
