Административците кои седеа дома до крајот на јануари ќе мораат да почнат со работа...

22 Јан 2021
176 пати

По една деценија безуспешно барање решение , надлежните соопштија дека административците кои седеа дома и земаа плата наскоро ќе почнат да одат на работа.Владата го одобри планот за трансфер на административните службеници.

„1349 службеници, пред се економсти, павници, но и со средно образование ќе бидат сместени во 237 институци, органи на државната и локалната самоуправа. Освен Албанци, меѓу административците има и Македонци, Роми, Турци, Срби, Бошњаци. Трансферот се врши преку систематизација на работникот, на работното место на исто ниво соодветно на работното место за кое работникот ги исполнува условите утврдени со планот за ситематизација.Ако по кој било основ кој било од нив не дојде во рок од 7 дена, тогаш на сите тие им се укинува работното место во Министерството за политички систем и се ставаат на трансфер листа во Министерството за информатичко општество и администрација каде веќе изборот не е нивен, односно од институцијата која има слободно место им се нуди. Ако тоа го одбијат им се укинува работниот договор. Немаат веќе право да прибираат и да бараат друго работно место, ова е единствената опција“, изјави Груби.

Меѓу институциите каде ќе бидат трансферирани рамковно вработените се Агенција за вработување 20, Агенција за храна 10 Влада 12, Државен архив 12, Државен завод за статистика 15, Државно правобранителство 74, МВР 143, Пазарен инспекторат 35, МНР 26, Министерство за образование – 11, Управа за водење на матични книги – 41, Царинска управа – 74, Основен суд – Тетово – 10, Основно јавно обвинителство – Тетово – 10.

Административците обија две опции за да почнат да работат – доколку не прифатат ниту една, следат откази.  Според некои проценки, во последните 10 години за оваа ставка биле издвоени околу 100 милиони евра од буџетот.

Овие вработувања се спроведени во периодот 2008-2015 преку Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)