Од Крањ за Кочани – Со посредство на Игор Велов кочанските пожарникари добија возило што е реткост и во државата

17 Ное 2020
1366 пати

Територијаллната против пожарна единица од Кочани доби ново високо опремено противпожарно

возило. Благодарение на нашиот сограѓанин Игор Велов, кој е советник во Општина Крањ и контактите што ги имаше со Влатко Јефтимов, ова ПП – возило, какви што има само две во Македонија и тоа во Скопје, отсега ќе го користи и кочанската ТППЕ.

p2.jpg
Идеата започнала во 2009 –та година, а со целосна логистичка подршка од градоначалникот Никочо Илијев, конечно е реализирана деновиве.
Сегашната пазарна цена на возилото е проценета на околу 50 илјади евра, инаку неговата вредност како ново возило е 900 илјади евра, што зборува за неговите можности перформанси.

p3.jpg
Со ваквото возило им се олеснува работата на нашите пожарникари. Погодно е за гасење пожарни во приземни објекти, но на висококатници, бидејќи има скали долги триесетина метри.

p4.jpg
Од Крањ во Кочани ќе простигне стручна екипа, која ќе ги обучи нашите пожарникари како да го користат возилото што е донација од пријателската словенечка општина.

 

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК:

https://www.facebook.com/125372924161452/videos/1171476669917194/

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)