Директoрот на рудникот кај Пантелеј вели: Работникот е лесно повреден, продолжува со работа

14 Ное 2020
725 пати

Според информациите од дневниот полициски билтен, Ј.С. од Кочани се повредил при извршување работни

задачи во кругот на рудникот кај селото Пантелеј.
Како што се информиравме од директорот на рудникот, Кабир Бариов, станува збор за мала површна повреда (гребнатина) од чекан во пределот на главата на работникот Јоцо Стоилов, која веднаш е санирана во Итната медицинска помош, без посериозни последици.
Работникот продолжува да ги извршува тековните работни задачи.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Кочани и инспектор за труд.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)