Виница – Пријава за користење марихуана

09 Ное 2020
366 пати

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н.(43) од

Виница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“. На 03.04.2020, полициски службеници извршиле претрес во куќа во Виница, која ја користел пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. По преземени мерки било утврдено дека во куќата, пријавениот им овозможувал користење на наркотични дроги на две лица од Кочани и Виница.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)