ПС Кочани – Две кривични за исто лице за кокаин и куршуми

19 Окт 2020
779 пати

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Г.(37) од

Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 13.06.2020 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што пронашле и одзеле кокаин и куршуми со калибар 22LR, кои неовластено ги набавила и држела кај себе заради продажба.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)