поразлични и поквалитетни услови во нив од претходно.
Веќе е поставен ламинат во деветте куќи и овие семејства во секој момент можат да се сместат. Останува да се заврши фасадата на куќите, но приоритет беше семејствата да се сместат пред значително да паднат температурите.
Овие девет семејства се дел од вкупната бројка на 22 семејства чии куќи ќе бидат реновирани. Приоритет за реновирање добија семејствата чии куќи беа во најлоша состојба.
Покрај овие активности, на почетокот на ноември се очекува да започнат и инфраструктурните активности во ромската населба, Блок 18, во Виница.
До крајот на оваа година предвидено е во ромската населбаво Виница да започне изработката и донесувањето на ДУП за населбата, изградба на споредни улици, изведување на фекална канализација во должина од 750 метри, изградба на потпорни и заштитни зидови, осветлување на неосветлени улици и поставување на контејнери за соодветно складирање на отпад со севкупно подобрување на квалитетот на животната средина.
Овие градежни активности се спроведуваат во рамките на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување за ромската заедница во општината Виница - СДХ Виница“. Проектот го имплементираат ЧЕЛИМ од Милано - Италија, Ромскиот ресурсен центар од Скопје и Општина Виница.
Проектот е финансиран од страна на ЕУ во соработка со МТСП на РСМ.