Во Кочани позитивен на Ковид 19 цел „фудбалски тим“

17 Сеп 2020
3648 пати

Граби ли Кочани со крупни чекори напред ? Вчерашниот извештај од тестирањето за Ковид 19 за прв пат го

смести градот на оризот меѓу четирите градови со двоцифрен број регистрирани нови случаи веднаш зад Скопје, Куманово и Тетово. Единаесет новозаболени.
По извесно време Кочани повторно има и починат пациент на 77 – шна возраст. Ваквата сосотојба вирусот го враќа како тема број еден во разговорите дома и во чаршија, па нормално, повлекува и бара одговори на прашањата: Дали премногу се опуштивме? Дали едноставно престанавме да ги почитуваме основните правила и мерки за заштита од вирусот или само си помисливме дека Скопје, Штип и останатите се далеку од нас?
Чаршиските муабети лиферуваат повеќе кластери за кои никој не може да потврди колку има вистина или што од сето тоа е измислено и погрешно пренесено. Кога е така и се додека е така останува само една работа во која сите можеме да веруваме. А, тоа е носење заштитни маски и држење растојание повеќе од два метри. Избегнување масовни јавни собири и прослави. Едноставно, самоиницијативно да ја поткренеме кочницата извесен период, како во времето на карантинот, се додека не се вратиме на онаа позитивна нула која не карактеризираше повеќе месеци наназад.
Сите сме согласни дека заеднички го можеме тоа. Радио Кочани ви посакува добро здравје! Чувајте се!
И.Л.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)