Сообраќајка во Виница, тројца повредени

17 Сеп 2020
520 пати

На 15.09.2020 во 18.45 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.Маршал Тито и улиците

„Партизанска“ и „Славчо Стојменски“ во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено твинго“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.П.(76) од Виница и патничко возило „алфа ромео“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(40) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.П. и сопатникот во возилото „алфа ромео“ С.М.(24) од с.Зрновци, кочанско, а со телесни повреди се здобил С.Ј., констатирани во Здравствен дом Виница. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)