Почина возач на комбито кое затстранило и го блокирало патот Делчево – М.Каменица

16 Сеп 2020
687 пати

Почина возачот на возилото комби кое застранило од регионалниот пат Делчево – М.Каменица и притоа

предизвикало застој на сообраќајот.
Од Итната медицинска помош информираат дека се работи за лице на возраст над 50 години од општина Чешиново-Облешево.
-Добивме повик од возачи кои забележале дека му се слошило на возачот на комби. По укажаната лекарска интервенција, лицето е препратено во кочанската болница, каде добивме информација дека попатно починал, информираа од делечевската Брза помош.

Од полицијата уште се чекаат детали за евентуални останати причини за несреќниот случај. Во моментот, сообраќајот на патниот правец Делчево – М.Каменица е нормализиран.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.