Општина Кочани подготвена да го уреди просторот за монтажна регионална ковид-болница...

15 Сеп 2020
909 пати

Монтажната модуларна болница во Кочани ќе биде алтернативен ковид-центар за осум општини од источниот регион.

Општина Кочани е подготвена да ги обезбеди неопходните технички услови за изградба на една од првите монтажни модуларни болници надвор од Скопје, а за потребите на идниот регионален ковид-центар.

Во согласност со предлогот од Министерството за здравство, Општинскиот кризен штаб претходно ја утврди локацијата на објектот, а Советот на Општината донесе позитивна одлука за издвојување средства од општинскиот буџет за уредување на просторот каде ќе се постави монтажната болница.

– Позитивно одговоривме на прашалникот од ресорното министерство со информации околу точната локација и бројот на градежната парцела, нејзината површина, снабдувањето со електрична енергија, вода за пиење и одвод на отпадните води, како и за обезбеденоста за постапување со инфективниот отпад. Сметам дека сите услови се обезбедени и нема технички пречки за изградба на регионалниот ковид-центар, кој е предвидено да биде сместен во кругот на Општа болница во Кочани, истакна градоначалникот Николчо Илијев.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.