И покрај малиот број на направени тестови, изминатите 24часа Кочани повторно со нови двајца заболени со КОВИД -19...

14 Сеп 2020
412 пати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Штип-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Кочани-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенит од: Скопје-41, Куманово-34, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-13, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-2, Кочани-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Виница-4, Свети Николе-2, Кичево-8, Неготино-1.

Починати се 4 лица, пациент од Виница (57г), двајца пациенти од Охрид (77г и 57г) и еден од Струга (74г). Од нив тројца се починати во, еден вон болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15827, бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6326, активни 540

• Куманово 1605, активни 190

• Дебар 268, активни 35

• Штип 1205, активни 72

• Прилеп 562, активни 133

• Тетово 1304, активни 117

• Струга 627, активни 63

• Велес 288, активни 18

• Битола 245, активни 47

• Охрид 395, активни 58

• Кавадарци 202, активни 30

• Гостивар 856, активни 93

• Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 103, активни 44

• Крива Паланка 83, активни 38

• Радовиш 52, активни 9

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 189, активни 53

• Пробиштип 95, активни 18

• Демир Хисар 60, активни 1

• Македонски Брод 84, активни 12

• Пехчево 42, активни 27

• Берово 73, активни 30

• Валандово 11, активни 3

• Виница 94, активни 29

• Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 5

• Свети Николе 309, активни 19

• Кичево 290, активни 29

• Ресен 153, активни 6

• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 464 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 166.356 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.