Две лица се здобиле со повреди додека изведувале градежни работи ...

14 Сеп 2020
471 пати

Две лица се здобиле со повреди при изведување на градежни работи во Кочани.

-Вчера во 12:20 часот во Одделението за внатрешни работи Кочани, од кочанската Општа болница било пријавено дека околу 11:30 часот во село Чифлик, при изведување на градежни работи со повреди се здобиле М.Е.(61) и Д.Г.(68), двајцата од Скопје. Притоа, кај М.Е. во болницата била констатирана тешка телесна повреда, додека кај Д.Г. телесна повреда. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани - информира МВР.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.