Пакети за ранливите категории граѓани од КАМ маркет

21 Авг 2020
342 пати

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев денеска имаше средба со Сузана Коцев, регионалната раководителка на КАМ маркет, компанија

која обезбеди донација од 60 пакети за ранливи категории граѓани од Кочани.
–Сакам да се заблагодарам и од името на локалната самоуправа и од граѓаните за вашата желба во услови на пандемија да им помогнете на ранливите категории граѓани. Давате убав пример за општествена одговорност, кој треба да госледиме и да им помагаме на луѓето на кои им е потребна помош – рече на средбата градоначалникот Илијев.
Пакетите содржат прехранбени и хигиенски производи, кои се распределуваат кај семејствата во социјален ризик, утврдени од кочанскиот Мобилен сервис за здравствени и социјални услуги.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)