Денеска е Павловден...

13 Јул 2020
131 пати

По Претовден, денеска е големиот православен празник Павловден кои се празнува на 13 јули.


На Павловден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.
На Павловден жените повеќе му посветуваат внимание од Петровден.
Во некои места на овој ден не се работи за да не се дојде до контакт со пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и слично.
Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.