Се бетонираат пристапни патишта и улици во неколку населени места

29 Јун 2020
389 пати

Во завршна фаза е бетонирањето на улици во неколку населени места во Кочанско. Во Грдовци е бетонирана улицата „Питу Гули“ во должина од 150 метри. Бетон добива и улица во селото Мојанци, со што во ова населено место комплетно е решена патната инфраструктра.

Деновиве ќе продолжат работите и во селото Тркање на уличниот крак долг близу 200 метри, како и на улица во Оризари и крак во Колерски гробишта во Кочани.

Активностите се реализираат според Програмата за уредување на градежното земјиште, а за бетонирање на пристапни патишта и улици за тековната година од буџетот на Општина Кочани се наменети 3,1 милион денари. Според проценките, изведувачот се очекува годинава да бетонира вкупна површина од 3 500 метри квадратни.

Mojanci.JPG

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.