На 1 јули 2020 година – второ авиотретирање против комарци...

29 Јун 2020
304 пати

В среда, на 1 јули 2020 г. во периодот меѓу 5 и 8 часот наутро,стручни екипина Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово ќе ја спроведат вторатафазаод авионското прскањепротив комарци во Кочанско.

Авиотретирањето ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарците – широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

Со авиотретирањето ќе   бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.

Превентивната систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани се презема согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, како општа противепидемиска мерка.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.