Обид за силување на 86-годишна старица во нејзиниот дом во Кочани...

28 Јун 2020
980 пати

До полицијата во Кочани пристигна пријава дека непознато лице се обидело да изврши обљуба врз 86-годишна жена во нејзиниот дом. Настанот се случил околу полноќ при што непознатиот физички ја нападнал старицата и ѝ одзел материјални средства.

Извршен бил преглед од лекар, а за настанот бил известен Јавен обвинител.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.