Јанушев - Ние не го потценуваме македонскиот народ, тоа ќе биде клучно и одлучувачко на изборите...

27 Јун 2020
279 пати

Денеска носителот на листа на ИЕ број 3 Игор Јанушев, оствари во Кочани средба со претставници на спортските друштва, спортисти и спортски работници, кај мултифункционалното игралиште Александар  Велики.

Во таа прилика за „Радио Кочани“ изјави:

„Не можам да не бидам презадоволен, од огромната поддршка што ја добиваме овде од граѓаните на Кочани. Веќе неколку часа сум тука, ќе останам цел ден. Како што гледате имаме многу средби со граѓани, со целни групи, а она што можам да го согледам е дека на народот му е дојдено преку глава. Изборната единица број 3 е верниот Исток, тоа е срцето на Р. Македонија. Овде живеат трудољубиви, вредни луѓе, кои си ја сакаат татковината, на кои им е дојдено преку глава од ова што го имавме во последните три години, што ми дава уште поголема самодоверба во пресрет на изборите.

На наше прашање дали тоа му дава за право да се чувствува како победник во оваа изборна единица Јанушев рече:

„Како партија никогаш предвреме не се базираме врз некои хипотетички претпоставки, но она што веќе неколку пати го изјавив во јавноста е дека очекувам огромна победа изразена со двоцифрена предност во бројот на пратенички мандати, во корист на ВМРО ДПМНЕ. Убеден сум во таа победа, но тоа не значи дека треба да се чувствуваме како победници. Напротив, максимално ќе си ја завршиме нашата работа во претстојната кампања. Но, всушност тука работата не завршува, тука работата започнува, бидејќи она што го ветуваме во нашата предизборна програма насловена како проект – Обнова е обврска и завет за нас во ВМРО ДПМНЕ да го исполниме во следниот  четиригодишен мандат.“

Радио Кочани: Обично политичарите во текот на кампањата се присутни меѓу народот и ветуваат сѐ и сешто. Но кога сѐ ќе заврши, а тие ги добијат функциите, многу ретко се враќаат и помислуваат на истите тие луѓе 

Игор Јанушев: „Јас во изминатите две и пол години со личен пример сум покажал, односно не само јас, туку и сите ние во раководството на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи во изминатиов период ова ми е можеби и десетта посета во Кочани, во време кога сме во опозиција. Не гледам причина ова да не продолжи и во иднина. Во Македонија речиси и да нема населено место каде што не сум бил, па така ќе продолжиме и во иднина. Се согласувам со вас дека перцепцијата кај голем дел од народот е дека во предизборието буквално сѐ може да се ветува и очекува. А тоа е така, бидејќи со оваа неспособна, криминално – рекетарска банда, едноставно толку многу се намалија стандардите и очекувањето на граѓаните, па за тоа ја имаме оваа апатија која што владее во државата.“

Но, народот е мудар. За разлика од СДСМ ние не го потценуваме македонскиот народ. Напротив сметаме дека на изборите тоа ќе биде клучно и одлучувачко. Бидејќи народот добро памети дека ВМРО ДПМНЕ секогаш кога нешто ветува пред избори и го стави во изборна програма, прави сѐ што може тоа и да го реализира и да им помогне на граѓаните.   106179095_2635630736686054_2284677485523994743_n.jpg

 

106278186_327253101601628_4732569177331602912_n.jpg

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.