Свежо бетонираниот крак на улицата „Стамен Манов“ – моментално уништен

22 Мај 2020
548 пати

Кракот од улицата „Стамен Манов“ во Ромското Маало во Кочани, кој денеска беше бетониран, моментално е уништен. Жители на улицата, додека бил свеж бетонот, си земале од него и го распоредувале по сопствена волја. Очевидци го пријавиле делото кај надлежните служби, а претставници на Одделението за внатрешни работи и на компанијата изведувач веќе биле на увид.

– И покрај сите заложби да обезбедиме пристојна инфраструктура, неодговорни граѓани го уништуваат направеното. Навистина жалиме што со вакви пречки во реализацијата на проектите честопати се соочуваме. Уништувањето на патната инфраструктура значи уништување на јавното добро и е казниво со закон – соопшто Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Општина Кочани  преку  шемата за мали грантови финансирана од Европска Унија и Советот на Европа – РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ обезбеди грант за реализација на проектот Реконструкција на два крака на улицата „Стамен Манов“, со кој е предвидено бетонирање на два крака коишто ги поврзуваат улицата „Стамен Манов“ со м.в. Колерски гробишта, во вкупна должина од 255 м и ширина од 3,5 м.  За имплементација на овој проект се потпиша договор  помеѓу Советот на Европа и Општина Кочани, а Советот на Општина Кочани донесе одлука за сопствено учество – кофинансирање ма проектот6 (1).jpg

 

2 (3).jpg

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.