Виница – Ќе се реконструира фасадата на Општината

13 Мај 2020
578 пати

Започнуваме со изработка на техничка документација за реконструкција на фасадата на зградата на Општина

Виница.
Во рамките на оваа техничка документација се предвидени проширување на Музејот Теракота, поставување на лифт во општинската зграда, термоизолациона фасада, замена на кровната конструкција, а делот над Домот на културата ќе се приспособи за Зелен кров.
Оваа техничка документација ќе ја изготвува фирмата ,,Квадар“ од Скопје финансирана од УНДП, Швајцарска агенција за меѓународна соработка (СИДА), преку проектот за Градење капацитети кај општините за имплементација и очекуваме до крајот на летото да биде готова.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.