Презентација на новата веб-страница на Општина Кочани

27 Ное 2014
1254 пати

Стручни лица од општинската администрација

ја презентираа предлог-верзијата на новата веб-страница на Општина Кочани.
Пред градоначалникот и раководителите беше прикажан новиот, подобрен дизајн и беа претставени можностите за пристап до информации од интерес на пошироката јавност.
- Новата веб-страница е конципирана со цел да обезбеди информации од јавен карактер за граѓаните, за туристите и за бизнис-секторот. Нашата цел е секој посетител да добие што повеќе информации не само за работата на единицата на локалната самоуправа, туку и општо за Кочани, објасни Дијана Апостолова, службеник за одржување, дизајн и администрирање на веб и ГИС мрежата во Општина Кочани.
Се очекува новата веб-страница на Општина Кочани да обезбеди пристап до актуелните формулари, како и плаќање на општинските даноци, такси и надоместоци.
Дизајнери на општинската веб-страница се Благоја Николов и Дијана Апостолова, вработени во Општина Кочани.
Наскоро страницата ќе биде ставена на пробна употреба, период во кој ќе можат да се примаат сугестии од граѓаните за нејзино подобрување.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.