Со сопствени средства – Се санира и подновува ОУ „Малина Попиванова“

25 Мар 2020
749 пати

Во ООУ Малина Попиванова и во вакви услови се работи на санирање и освежување на училиштето,

во неговата внатрешност, но и на надворешноста од обкјектот.
Поставени се нови 145 лед светилки во ходниците и во училниците, ќе се постават 8 рефлектори во училишниот двор, варосани се училниците, канцелариите и ходниците. Варосана е зградата и од надвор. Паркетот во училниците е излакиран.
„Го искористивме зимскиот распуст и работевме на санација на просторот за учениците и наставниците. Внесовме и нешто ново. Ги заменивме старите со нови врати од медијапан. Сето тоа го направивме со сопствени средства, од нашиот Буџет. Не е тешко да се обезбедат пари доколку се работи домаќински, а ние тоа го правиме, сите вработени“, вели директорот на „Малина Попиванова“, Благој Петров, кого го затековме во училиштето со градежните работници.
Петров, истовремено, најави реконструкција на спортската сала. Ќе се работи на паркетот и на ѕидовите, кои се речиси уништени. И ова ќе се направи со средства од сопствениот Буџет.
Наскоро во ОУ „Малина Попиванова“ ќе започне и изградбата на забавно – рекреативниот парк, за што се добија 50 илјади швајцарски франци преку Форумот во заедниците. Рокот за доставување најповолна понуда завршува на крајот на месецот.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.