Вонредна состојба – На пазарот нема „жива душа“

19 Мар 2020
699 пати

Во Градскиот пазар во Кочани утринава нема жива душа. Невообичаено за четврток. Непепријатен амбиент.

Таксистите џабе чекаат муштерии.
Очигледно, стравот од епидемијата си го направи своето. Препораките за заштита од ширењето на корона вирусот се почитуваат во целост.
Од двете страни на Кочанска Река, каде секој четврток „врие“ од народ, нема никој. Ги нема пазарџиите, ниту оние што продаваат „три за сто“, ниту продавачите на зеленчук, овошје, прехранбени продукти... Плус, воведена е вонредна состојба, за која ретко кој знае што всушност таа значи и што ќе се случува.
Во Кочани и пошироком во микро регионот до сега нема ниту еден заболен од ковид 19 (заразен од корона вирусот). Вчера Локалната самоуправа соопшти дека во домашна изолација се 72 лица, без да се прецизира зошто тие лица се во изолација. Сите претпоставуваат дека допатувале неодамна дома од некоја високо ризична држава.
Вонредната состојба ќе трае во наредните 30 дена, сметајќи од вчера.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)