Завршува изградбата на тротоарот на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани

12 Мар 2020
286 пати

Во завршна фаза е вградувањето на бехатон плочките со кои се заменува оштетениот асфалтен слој на

тротоарот на потегот од Стари парк кон Градскиот плоштад, на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани.

Изминатите две седмици работите се одвиваа од едната страна на улицата, каде се поставени плочки во должина од 180 метри. Реконструкцијата опфати и замена на дел од уличните рабници со нови, повисоки, за да се намали можноста за злоупотреба на овие површини од непрописното паркирање.

Изведувачот на тротоарите, градежната фирма „Патиомонт“ од Кавадарци, ќе ги продолжи работите на изградба на тротоар во населбата Валог, кај повеќенаменското игралиште.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.