Виница... Во ИЛА – та се асфалтира улица од 380 метри

03 Мар 2020
276 пати

По донесувањето на Деталниот урбанистички план минатата година, урбанизацијата на

еден од најатрактивните делови во Виница, индустриската зона ИЛА е во полн ек. По неопходното тампонирање, денес се асфалтира улицата која е во должина од 380 метри. “Денес го асфалтираме патот во м.в. Ила во должина од 380 метри, улицата е со тротоари и соодветно тампонирање, како и улично осветлување. Практично, со изградбата на оваа улица овде, стартува и изградбата на првата социјална зграда во Виница, чии камен темелник ќе го официјализираме за неколку дена.“, изјави градоначалникот Ивица Димитров. Инаку, во новата индустриска зона, покрај социјална зграда и куќи за домување , предвидена е и изградба на лесна и незагадувачкла индустрија.
Според најавите, после Илата, асфалтирањето треба да продолжи на регионалниот пат Виница-Градец во должина од 3 км, како и проширување на истиот .

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.