Почна изградбата на улици во месноста Прокарка

20 Фев 2020
283 пати

Почна пробивањето на улици во месноста Прокарка, на влезот во Кочани. Механизацијата

врши ископ и трасирање на улицата „Стефка Тасева“, која треба да се поврзе со „Петар Синадинов“ и со ул. „Скопска“.
Со средства од Проектот за подобрување на општинските услуги, во Прокарка ќе се продолжи и со градба на улиците „Скоевска“ и „555“, односно ќе бидат асфалтирани вкупно 770 метри, со што ќе се создадат услови за поинтензивна градба и урбан лик на влезот во градот.
Едновремено, во Оризари се работи на кракот од улицата „АСНОМ“, долг 203 метри. Во Тркање течат работите на улицата „Борис Ефтимов“ (334 м) и на крак од „Маршал Тито“ (150 м). Градежните работи ги изведува фирмата „Ленди груп“, избрана согласно критериумите и процедурите на Светска банка.
Со одобрените средства од Меѓународната банка за обнова и развој, од компонентата Општински инвестиции ќе се асфалтираат и улиците: „Кирил и Методиј“, „Искра“ и „560“ во Кочани и уште два крака на „Раде Кратовче“ во Оризари. На дел од нив е предвидена и изградба на атмосферска канализација, потпорни ѕидови и тротоари.
Од вкупно единаесетте улици од Проектот за подобрување на општинските услуги, шест се во градот Кочани, а пет улици во руралните области.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.