Кочанската Територијална противпожарна единица доби нова интервентна опрема

14 Фев 2020
134 пати

Пожарникарите од Триторијалната единица во Кочани ги добија дополнителните заштитни

средства за интервенции на терен, што со јавна набавка ги обезбеди Општина Кочани.
– Противпожарните интервентни чизми служат за дејствување во затворен простор. Тие ги исполнуваат соодветните стандарди за заштита, изработени се од кожа, заштитуваат од пробивање, ѓонот штити од топлина и лизнување, а поседуваат и други карактеристики предвидени со посебен стандард за квалитет. Заштитните поткапи се вклопуваат со маската и ги штитат главата и вратот од изгореници. Составот на материјалот овозможува заштита од хемиски супстанции и при високи концентрации во случај на прскање – образложи Благојчо Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.
Новата опрема ќе ја замени старата дотраена, која кочанските пожарникари ја добија како донација пред повеќе од една деценија.
Наскоро, Општина Кочани ќе ја распише јавната набавка за ново теренско противпожарно возило, за кое се испланирани средства во Буџетот за 2020 година. Според потребите на Единицата, ќе се набави џип што ќе го олесни пристапот и на најнепогодните простори за гасење пожари, особено на полските површини. Ова возило ќе биде прво за Територијалната единица обезбедено со средства од Општина Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.