Со германска донација до современа кујнска опрема во градинката...

12 Фев 2020
313 пати

Со донација од 303 000 денари од Фондот за мали грантови на германската Амбасада во Македонија, Детската градинка “Гоце Делчев“ ја комплетираше кујнската опрема со два големи фрижидери ладилници за млечна храна, современа машина за садови , и количка за транспорт на храна. Увид и примопредавање на овој инвентар вчера изврши заменик амбасадорот на Германската Амбасада во Македонија, Ото Граф. Со директорката Наташа Анакиева разговараа околу користењто на донацијата, како и актуелната состојба со градинката и објектите во Виница. -“Денес сме во посета на Виница на примопредавање на проектот од Фондот за мали грантови на Германската Амабасада. Станува збор за кујнски апарати за потребите на детската градинка во Виница. Се уверив дека нашата донација е во вистински раце, станува збор за градинка која згрижува дури 400 деца. Инаку, ние како Амбасада се трудиме со нашите грантови да бидеме рамномерно застапени во сите региони“, истакна амбасадорот Граф. Првата официјална посета на Виница беше искористена и за работна средба во кабинетот на градоначалникот Димитров, на која средба се начнаа повеќе актуелни прашања околу соработката помеѓу Мкаедонија и Германија, а амбасадорот Граф се интерисираше и за потенцијалите на Виница, стопанските капацитети, земјоделските дејности, како и расположивите човечки ресурси во општината. Посетата беше заокружена со посета на Музејот “Теракота“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.