Општинските стипендисти го добија четиримесечниот износ од стипендијата

24 Јан 2020
273 пати

Општина Кочани го исплати четиримесечниот износ за стипендии за студентите корисници за

2019/20 година.
Според одлуката за доделување стипендии, оваа поддршка од Програмата за образование на Општина Кочани ја користат вкупно 26 студенти на државните универзитети, и тоа: студенти кои оствариле успех во текот на студирањето, студенти од ромска етничка припадност, од социјално ранливи семејства и студенти на медицински науки.
Целта на стипендирањето е студентите да се поттикнуваат за постигнување подобри резултати и успех во студирањето, што ќе овозможи и нивна конкурентност на пазарот на трудот.
Стипендиите, чиј месечен износ е 3 илјади денари, се доделуваат за период од десет месеци, од септември до јуни.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.