Димитровски по повод смртта на академик Благој Попов

31 Окт 2014
1643 пати

Со длабоко жалење ја примивме веста за смртта

на академик Благој Попов. Дозволете ми, од мое лично име и од име на граѓаните на Кочани, да ги упатам изразите на најдлабоко сочувство.
Граѓаните на Кочани се горди што го имаа Попов за свој сограѓанин, кој ќе биде запаметен како врвен математичар, неуморен во својата посветеност на науката.
Имајќи ја предвид неговата лична заложба за формирањето на математичкиот кадар и за развојот на математичките науки во нашата држава, бидете убедени дека неговите дела и лик ќе останат длабоко врежани во сеќавањата на македонските граѓани.
Дозволете ми уште еднаш да го изразам моето искрено сочувство за починатиот академик Благој Попов, чие име и дело остануваат запишани во македонската историја, се вели во телеграмата со сочуство на кочанскиот градоначалник Ратко Димитровски упатена до семејството на Попов и до МАНУ.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.