Натпревар во риболов - резултатот во втор план....

07 Окт 2019
165 пати

Екипата на Радио Кочани помина едно  прекрасно претпладне на езерото „Гратче“ , сместено во богатата зелена вегетација, во подножјето на Осоговските планини, каде докажано воздухот е најчист.

Овој пат, главна причина за нашата пикник дружба, беше организацијата на спортскиот хуманитарен натпревар во риболов, во организација на СРЗЕК „Кочански рибар“.  Учество зедоа повеке од 70 наптреварувачи од Кочани, Пробиштип и Битола во 3 дисциплини. Се ловеше на тапа (пливка) и со фидер техника, во сениорска и јуниорска конкуренција.

Натпреварувачите пристигнаа рано наутро во 7:30 часот, кога беа извлечени позицииите и натпреварувачките броеви, а спортско - рекреативниот риболов официјално започна во 9 и траеше до 13 часот.

Судиите кои беа присутни на теренот, строго го контролираа почитувањето на правилата, за да на крајот ги прогласат победниците во 3 - те категории:

Фидер

1-во место Андреј Мојановски (Битола) 1,410кг.
2-ро место Александар Зафиров (Кочани) 0,810кг.
3-то место Јовица Стојков (Кочани) 0,365кг.

Риболов на тапа (пливка) :
1-во место Петар Глигоров (Кочани) 0,960кг.
2-ро место Милан Банковиќ (Пробиштип) 0,490кг.
3-то место Раде Митрев (Кочани) 0,365кг.

Риболов на тапа (пливка) Јуниори:
1-во место Давид Коцев (Кочани) 0,560кг.
2-ро место Александар Ананиев (Кочани) 0,365кг.
3-то место Антонио Ананиев (Кочани)

 

На крајот, заеднички беше констатирано дека освоените места и наградите се во втор план на ваквите натпреварувања. Најважно од се е дружењето и запознавањето со нови колеги риболовци, а пред се излегувањето во природа и чистиот воздух, кој има големо влијание на сите, кои од било какви причини, го посетувааат најубавиот бисер на градот Кочани - нашето езеро „Гратче“.

Радио Кочани на сите натпреварувачи им го честита учеството, со надеж дека вакви натпревари ќе се одржуваат се почесто.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.