Селектирај пластичен отпад од земјоделството и дај свој придонес за борба против климатските промени

03 Окт 2019
343 пати

Во периодот од Септември 2019 – Август 2020 година, во општина Чешиново-Облешево ќе се спроведува

проектот „ Селектирај пластичен отпад од земјоделството и дај свој придонес за борба против климатските промени“, проект дел од подгрантовата програма на проектот „Да зборуваме за климатските промени“. Спроведувач на проектот е Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ од Кочани во партнерство со општина Чешиново-Облешево и Екопроект-Ко ДОО од Кочани. Вкупниот буџет на проектот е 691.290 МКД.
Цел на проектот: Намалена емисија на штетни гасови преку воспоставување на систем за правилно постапување и управување со отпадната пластика од земјоделството во општина Чешиново-Облешево
Специфични цели:
1.Јакнење на свеста на локалното население и бизнис секторот за климатските промени и за штетното влијание на пластичниот отпад од земјоделството врз климатските промени;
2. Обезбедување на потребните ресурси за собирање и селекција на пластичниот отпад од земјоделството.
Очекувани резултати:
-Поставени садови за собирање на пластичен отпад од земјоделството на 5 локации во општина Чешиново-Облешево;
-Потпишан договор со Екопроект-Ко ДОО со услови за подигање и транспорт на собраниот отпад од собирните места и негова преработка и понатамошно предавање за рециклирање;


-Изработени и дистрибуирани флаери и постери со едукативна содржина и мапа со точно обележани собирни места на пластичен отпад од земјоделството;
-Организирани минимум 10 средби со земјоделци на кои истите се запознаени со значењето на климатските промени и штетното влијание на пластичниот отпад од земјоделството како и со системот за собирање и правилно постапување со пластичниот отпад од земјоделството;
-Реализирани средби со претставници на поголемите преработувачки капацитети на земјоделски производи и култури на територијата на општина Чешиново-Облешево, каде истите се запознаени со значењето на климатските промени и штетното влијание на пластичниот отпад од земјоделството, како и со можноста за собирање и превземање на пластичниот отпад;
-Одржана тркалезна маса со претставници на повеќе засегнати страни и изготвена предлог листа со препораки за идни мерки за намалување на штетното влијание од земјоделството врз климатските промени;
-Собран минимум 1 тон пластичен отпад од земјоделството.

Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ го имплементираат Еко-свест, CNVP Македонија и ДЕМ, а е финансиран од Европската унија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.