ОК на ВМРО – ДПМНЕ до „Водовод“ – Колку тежат адвокатските трошоци само за последните 10 дена

07 Сеп 2019
175 пати

Бараме од ОО на СДСМ или од Директорот на КЈП да не бега од темата. Ние, како политичка партија баравме

од КЈП Водовод да има обзир кон нашите сограѓани и да направи СЕ што е во нивна моќ трошоците во решенијата за присилна наплата да бидат што помали! Во известувањето после нашата прес конференција КЈП Водовод напишале “одредена политичка партија која сака да собира политички поени!“ Почитувани апелот треба да се прифати и истиот е во интерес на СИТЕ, освен на мала група на луѓе кои очигледно дека се поврзани со раководството на ОО на СДС во Кочани. За тие релации да бидат што појасни за граѓаните, бараме да одговорите: Прво: Дали платните налози кои се испраќаат “од адвокат“ се изработуваат во КЈП “ВОДОВОД“ од луѓе кои се вработени во КЈП? -Како ќе го објасните тоа што Решенијата за присилна наплата со и без адвокатски трошоци изгледаат идентично, само што едните имаат адвокатски печат и дополнителен трошок! Дали знаете дека ако е тоа точно, одреден адвокат(или адвокати) ја користат службата на КЈП “Водовод“ а Директорот тоа го дозволува со што прави “Злоупотреба на службена должност“. Второ: КЈП “Водовод“ да приложи доказ дека ги плаќа адвокатските трошоци за состав! Дали адвокатот има издадено фактура на КЈП или наплатата се врши спротивно на Закон за финансиска дисциплина? Трето: Колку адвокати се вклучени во изработката на овие Решенија и според кој критериум се избираат, дали КЈП води сметка истите да се распоредени кај сите адвокати од Кочани, бидејки КЈП е јавно препријатие а не приватна сопственост на СДС! Колку вкупно “тежат“ сите адвокатски трошоци од решенијата испратени само во последните 10-тина дена? Со почит, Центар за комуникации ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.