Му ветил поевтини драва за огрев, му зел половина од сумата и веќе не се појавил

05 Сеп 2019
178 пати

Неделава во Полициската станица Кочани, шеесет и шестгодишниот Д.П. од Кочани пријавил дека истиот ден

околу 11.00 часот на ул.„Димитрија Лазаров“ во Кочани бил измамен од едно лице.
Според пријавеното, лицето му ветило дека за сума од 15.000 денари ќе му донесе шест метри кубни огревни дрва, ако веднаш му плати 7.500 денари, а другите откако ќе земел пензија. Д.М. му ги дал парите, по што лицето заминало и не се вратило.

Се работи на расчистување на случајот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.