OK на ВМРО – ДПМНЕ : Водовод ги оптеретува граѓаните со „дебели“ адвокатски трошоци

05 Сеп 2019
386 пати

Во целост ви го пренесуваме текстот од вчера одржаната прес конференција на ОК на ВМРО – ДПМНЕ за Кочани...


Се повеќе наши сограѓани се жалат дека КЈП “Водовод“ им доставува: -РЕШЕНИЈА ЗА НОТАРСКИ ПЛАТЕН НАЛОГ за заостанат долг и тоа со АДВОКАТСКИ ПЕЧАТ во кои РЕШЕНИЈА има пресметано адвокатски трошоци кои се неколку пати повисоки од нотарските трошоци! Во ова решение се гледа дека нотарските трошоци се 1066,00 ден а адвокатските трошоци 2730,00 ден! Нотарските трошоци за комунални услуги беа намалени, намалувањето на нотарските трошоци за решенијата за платен налог се со цел да не се оштетуваат прекумерно нашите сограѓани против кои се пуштаат платни налози за долг по основ комунални услуги! Комуналните услуги треба да се плаќаат навремено, но и КЈП треба навремено да води сметка за оние кои не плаќаат! Дали КЈП Водовод намерно дозволува да се трупаат долгови и за истите подоцна се испраќаат Решенија со адвокатски трошоци со што прекумерно се оштетуваат нашите сограѓани! НА овој начин, а како што гледаме и во ова РЕШЕНИЕ- наместо трошоците за долгот да се 1066,00 ден тие изнесуваат четирикратно повеќе или поточно 4040,00 ден. Вака КЈП “Водовод“ прибира пари од најранливата категорија граѓани-оние кои секој месец имаат мака да си ги платат режиските трошоци! КЈП “Водовод“ има одговорност спрема граѓаните, ако наплатата може да се изврши со неколку решенија за платни налози, без ваквите трошоци тогаш тоа и ИМААТ одговорност да го сторат! Вршете ја вашата работа ама бараме, барем малку да имате чувство и повикуваме во овие тешки времиња да ги поштедите ги нашите сограѓани од овој дополнителен трошок!
Со почит Центар за комуникации при ОК ВМРО ДПМНЕ Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.