Прес на ОО СДСМ Кочани

03 Сеп 2019
178 пати

Почитувани сограѓани,

Дојде и месец септемеври – месецот кој е симбол на нови почетоци. Најпрвин би сакале да им посакаме среќен почеток на сите првачиња кои за првпат седнуваат во училишните клупи, на сите останати ученици, на наставниците и стручни соработници кои се најзаслужни за воспитување и образување на нашите деца како и на директорите кои посветено ја менаџираат работата во училиштата.

25-ти октомври 2017 беше денот кога ја превземавме локалната власт.

Во тој период,затековме долг на училиштата во висина од 43 милиони денари, од кои само за превоз се однесуваа 36 милиони денари.

Денес, на 03.09.2019 година, долгот на улиштата е 0 денари.

Најголема заштеда имаме во делот на јавниот транспорт. Имено за учебната 2018/2019, при распишување на тендер за превоз, како проценета вредост беше земена пазарната вредност на превозот ибеше избрансоодветен превозник намалувајќи ги вкупните трошоци за јавен транспорт за 9 милиони денари за една година, споредбено 2017/2018 и 2018/2019. Во таа насока, би сакале да ја информираме јавноста дека за 2019/2020 имаме дополнително намалување за 30% и со контрола на сите трошоци, ги намаливме обврските на 0 денари односно, оставруваме вкупна заштеда од 150 000 евра на годишно ниво - нешто што никогаш се нема случено во училиштата. Во прилог подолу би сакале да Ве информираме декапреку овие заштеди, средствата ги насочивме во релани инвестиции, сè со цел да се подобрат условите:

  • ВоОУ „Св.Кирил и Методиј‟ – Кочанисе изврши санација на санитарни јазли, делумна санација на кров, обновување на поголем број на училишни клупи, обновување на нов кабинет за изведување на ИКТ настава, хортикултурно уредување на училишен двор како и санација на санитарни јазли иреновирање на дел од фасадата во ПУ во с.Горни Подлог.
  • Во ОУ „Раде Кратовче‟ – Кочанисе извршизамена на парен котел за затоплување и се реновираа 6 училници на првиот кат во училиштето.

 

  • ВоОУ „Никола Карев‟ – Кочани, за првпат после 20 години се реновираавецињата кои беа во многу лоша состојба, се изврши промена на под во една училница како и реконструкција на кабинети. Во ПУ во с.Тркање се изврши промена на прозори и варосување
  • Во ОУ „Малина Попиванова‟ – Кочани, после после 25 годинисе изврширеконструкција на санитарните јазли кои беа во катастрофална ситуација, се изврши промена на шал табли, реновирање на кујна како и набавка на плотни за 50% од потребите за сите училници
  • ВоОУ „Крсте Петков Мисирков‟ – Оризарисе изврширеновирање на тоалети кои беа во многу лоша состојба, замена на стари прозори со ПВЦ во една училница, фасадирање на зграда (стар дел од училиштето), реновирање на ходници и училници, изработка на шкафчиња за ученици од 1 одделение.
  • ВоСОУ „Љупчо Сантов “ – Кочанисе извршидеинсталирање на дотраена електрична опрема во неколку училници и варосување на истите, реконструкција на наставничка канцеларија и спортската сала, набавен е ЛЦД проектор за потребите во наставата, се изврши целосна промена на осветлувањето во библиотеката, целосно менење на дотраениот надзор на училиштето со нови 16 камери. Во средна фаза е реконструкцијата на санитарните јазли и целосно е оспособена подрумската просторија за потребите на Младинската организација при училиштето и за активистите од Црвен крст.
  • Во СОУ „Гошо Викентиев ‟ – Кочанисе извршипромена на стари прозори со ПВЦ како и реконструкција на тоалетите.

Драги сограѓани! За нас Зборот важи! Преку домаќински политики и рационално распределување на средствата градиме општество еднакво за сите. Вложуваме и ќе продолжиме да вложуваме почитувајќи го заедничкиот интерес.

Со Почит,

ОО СДСМ Кочани

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.